Режим на придвижување
Може да го поставите режимот на придвижување, како на пример за постојано снимање или снимање со тајмер.
- MENU → (Camera Settings) → [Drive Mode] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
Една слика (стандардна поставка):
Снима една слика. Нормален режим на снимање.
Непрекинато снимање:
Снима слики постојано додека притискате и го држите копчето за бленда.
Брзо непрекинато снимање со приоритет:
Снима слики постојано, со голема брзина, додека притискате и го држите копчето за бленда.
Тајмер:
Снима слика по 10 или 2 секунди.
Непрекинат тајмер:
Снима слики постојано по 10 секунди.
Непрекинати пробни слики:
Снима слики додека го држите копчето за блендата притиснато, а секоја слика има различен степен на осветленост.
Една пробна слика:
Снима одреден број на слики, една по една, а секоја има различен степен на осветленост.
Пробна слика за баланс на белата боја:
Снима три слики, секоја со различен степен на осветленост во зависност од избраните поставување за балансот на белата боја, температурата на бојата и филтерот за боја.
Пробна слика за вредноста на оптимизиран D-опсег:
Снима три слики, секоја со различен степен од вредноста на оптимизаторот на D-опсегот.