Focus Area
Ја избира областа на фокусирање. Користете ја функцијава кога е тешко да се најде соодветниот фокус во режимот за автоматско фокусирање.
- MENU → (Camera Settings) → [Focus Area] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- Wide:
- Автоматски се фокусира на објект во сите опсези на сликата.
Кога ќе го притиснете копчето за блендата до половина надолу во режим за снимање слики, преку областа што е во фокусот ќе се појави зелена рамка.
- Center:
- Автоматски се фокусира на објект во средина на сликата. Кога се користи заедно со функцијата за фиксирање на фокусот можете да ја компонирате саканата слика.
- Flexible Spot:
- Овозможува да ја преместите рамката за опсег на автоматското фокусирање до посакуваната точка на екранот и да се фокусирате на исклучително мал објект во тесна област.