Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Користење на блицот

Во темни средини користете го блицот за да го осветлите објектот додека снимате и да спречите тресење на фотоапаратот. Кога снимате наспроти сонцето, користете го блицот за да ја осветлите сликата на затемнетиот објект.

  1. Притиснете го копчето (кревање на блицот) за да се крене блицот.

  2. Притиснете го копчето за бленда целосно надолу.

Забелешка

  • Кога не го користите блицот притиснете го повторно во телото на фотоапаратот.
  • Не можете да го користите блицот кога снимате филмови.
  • Додека се полни блицот светнува . Откако ќе се наполни ќе засвети иконата на блицот.
  • Кога на држачот за повеќе интерфејси ќе се закачи надворешен блиц (се продава одделно), состојбата на надворешниот блиц има приоритет пред поставувањето на производот. Не можете да го користите внатрешниот блиц на производот.
  • Не користете комерцијално достапни блицови со приклучоци за синхронизација со висок напон или со обратен поларитет.