Zoom Setting
Можете да ја изберете поставката за зумирање на производот.
- MENU → (Custom Settings) → [Zoom Setting] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
Optical zoom only (стандардна поставка):
се активира оптичко зумирање. Можете да ја користите функцијата за интелигентно зумирање доколку ја поставите [Image Size] на [M] или [S].
On:ClearImage Zoom:
Дури и кога ќе се надмине опсегот на зумирање на оптичкиот зум, производот ќе ги зголемува сликите во опсег во кој квалитетот на сликата нема значително да се влоши.
On:Digital Zoom:
Кога ќе се надмине опсегот на зумирање на [Clear Image Zoom], производот ќе ги зголеми сликите во најголем сооднос. Меѓутоа, ќе се влоши квалитетот на сликите.
Забелешка
- Поставете [Optical zoom only] доколку сакате да ги зголемите сликите во опсегот во којшто квалитетот на сликите нема да се влоши.