Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Карактеристики за зумирање достапни со овој производ

Функцијата за зумирање на производот нуди поголемо зголемување со комбинирање на различни функции за зумирање. Во зависност од избраната карактеристика за зумирање се менува иконата што е прикажана на екранот.

(1) Опсег на оптички зум
Сликите се зголемуваат во опсегот на оптичкиот зум на производот.

(2) Опсег на паметно зумирање ()
Зумирајте слики без да направите да се влоши првичниот квалитет, со делумно сечење на сликата (само кога големината на сликата е [M] или [S]).

(3) Опсег на зумирање за јасна слика ()
Зумирајте слики со процес во којшто сликите помалку се влошуваат. Поставете [Zoom Setting] на [On:ClearImage Zoom] или прво на [On:Digital Zoom].

(4) Опсег на дигитално зумирање ()
Сликите зголемувајте ги со помош на процес за слики. Кога ќе изберете [On:Digital Zoom] за [Zoom Setting], можете да ја користите функцијава за зумирање.

Забелешка

  • Стандардната поставка за [Zoom Setting] е [Optical zoom only].
  • Стандардната поставка за [Image Size] е [L]. За да го користите паметното зумирање, сменете ја [Image Size] во [M] или [S].
  • Функции за зумирање освен оптичкото зумирање не се достапни кога снимате во следниве ситуации:
    • [Sweep Panorama]
    • [Smile/Face Detect.] е поставено на [Smile Shutter]
    • [Quality] е поставен на [RAW] или [RAW & JPEG]
  • Функцијата за паметно зумирање не можете да ја користите со филмови.
  • Кога користите функција за зумирање освен оптичкото зумирање, поставката [Focus Area] се исклучува. Автоматското фокусирање работи со вклучен приоритет и околу средишната област. Исто така, [Metering Mode] е фиксиран на [Multi].