Дигитален фотоапарат DSC-RX10

За препознавањето сцени

Препознавањето сцени работи во режимите [Intelligent Auto] и [Superior Auto].

Функцијата му овозможува на производот автоматски да ги препознае условите за снимање и да ја сними сликата.

Препознавање сцени:

Доколку производот препознае сцена, во првиот ред се прикажуваат икони и водичи како (Portrait), (Infant), (Night Portrait), (Night Scene), (Backlight Portrait), (Backlight), (Landscape), (Macro), (Spotlight) или (Low Light). Доколку производот препознае услов, во вториот ред се прикажува (Tripod).

Забелешка

  • Кога [Smile/Face Detect.] е поставено на [Off], сцените [Portrait], [Backlight Portrait], [Night Portrait] и [Infant] не се препознаваат.