Eye-Fi
-
MENU (Settings) (Main Settings) [Eye-Fi] саканиот режим
|
On
|
Ја користи функцијата за вчитување.
Иконата за режимот Eye-Fi на екранот ќе се смени во зависност од режимот на комуникација на картичката Eye-Fi.
: Картичката Eye-Fi се наоѓа во режим на подготвеност. Нема слика што треба да се испрати.
: Картичката Eye-Fi се наоѓа во режим на подготвеност за вчитување.
: Картичката Eye-Fi се наоѓа во режим на поврзување.
: Картичката Eye-Fi вчитува слики.
: Се појави грешка.
|
|
Off
|
Не се користи функцијата за вчитување.
|
-
Картичките Eye-Fi се продаваат само во определени земји/региони.
-
За повеќе информации во врска со картичките Eye-Fi, директно контактирајте со произведувачот или продавачот на картички Eye-Fi.
-
Картичките Eye-Fi се дозволени само во земјите и регионите каде што се купени. Поради локални ограничувања може да се бара ваша одговорност.
-
Картичката Eye-Fi има функција на безжичен LAN. Не вметнувајте ја картичката Eye-Fi каде што е забранет безжичен LAN, на пример, кога сте во авион. Ако картичката Eye-Fi е вметната во фотоапаратот, поставете го [Eye-Fi] на [Off]. Кога функцијата за вчитување на картичката Eye-Fi е поставена на [Off], на екранот се прикажува .
Префрлање податоци за слики со помош на картичката Eye-Fi
-
Поставете ги поставките за пристапната точка за безжичен LAN или поставките за насока на префрлањето на картичката Eye-Fi.
-
Откако ќе завршите со поставките, вметнете ја картичката Eye-Fi во фотоапаратот и снимајте слики.
-
Кога се вчитуваат податоци за слики, не е достапно [Power Save].
-
Доколку се прикажува иконата (грешка), отстранете ја картичката Eye-Fi и повторно вметнете ја или исклучете го и повторно вклучете го фотоапаратот. Доколку иконата (грешка) сè уште се прикажува, можно е картичката Eye-Fi да е оштетена. За детали, контактирајте со Eye-Fi, Inc.
-
Комуникацијата преку безжичен LAN може да ја прекинат други уреди за комуникација. Доколку приемот на податоци е недоволен, приближете го фотоапаратот до пристапната точка.
-
Некои картички Eye-Fi имаат „Endless Memory Mode“. Овој производ не поддржува „Endless Memory Mode“. Проверете дали кај картичките Eye-Fi што ќе ги вметнете во производов е исклучено „Endless Memory Mode“. За детали околу поставувањето на „Endless Memory Mode“, погледнете во упатствата за работа дадени со картичката Eye-Fi.