Зумирање

Може да ја зголемите сликата кога снимате. Функцијата за оптичко зумирање на фотоапаратот може да ги зголеми сликите до 35×.
  1. Вртете ја рачката W/T (зум).

Свртете ја рачката W/T (зум) кон страната T за да приближите и кон страната W за да оддалечите.
  • Кога скалата на зумирањето надминува 35×, поставете [Digital Zoom]. [Детали]

Забелешки
  • Во режим на панорама, зумирањето е заклучено кон страната W.

  • Кога функцијата за зумирање работи додека снимате филм, може да биде снимен и звук од објективот кој работи.