ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Подготвување за “BRAVIA” Sync

Вклучете ја функцијата Control for HDMI на ресиверот и на поврзаниот уред за засебно.

  1. Изберете [Settings] - [HDMI Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Control for HDMI].
  3. Изберете [On].

    Функцијата Control for HDMI на ресиверот е вклучена.

  4. Притиснете HOME за да излезете од менито на ГКИ.
  5. Изберете го влезот HDMI на ресиверот и телевизорот за да одговара на влезот HDMI на поврзаниот уред, така што да се прикаже сликата од поврзаниот уред.
  6. Вклучете ја функцијата Control for HDMI на поврзаниот уред.

    За детали околу поставување на телевизорот и поврзаниот уред, погледнете во упатствата за работа на соодветниот уред.

  7. Повторете ги чекорите 5 и 6 за други уреди за кои сакате да се користи функцијата Control for HDMI.

Забелешка

  • Изведете ги повторно горенаведените чекори ако го исклучите HDMI-кабелот или го менувате поврзувањето.