ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Пропуштање HDMI-сигнали (Pass Through)

Можете да емитувате HDMI-сигнали до телевизорот дури и кога ресиверот се наоѓа во режим на подготвеност.

  1. Изберете [Settings] - [HDMI Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Pass Through].
  3. Изберете ја саканата поставка.
    • Auto: Ресиверот произведува HDMI-сигнали до телевизорот од приклучокот HDMI OUT кога телевизорот е вклучен, додека ресиверот е во режим на подготвеност.
      Sony ја препорачува оваа поставка ако користите телевизор на Sony компатибилен со „BRAVIA“ Sync. Оваа поставка штеди струја во режимот на подготвеност, споредено со поставката [On].
    • On (*): Ресиверот постојано произведува HDMI-сигнали од приклучокот HDMI OUT кога е во режим на подготвеност.
    • Off: Ресиверот не произведува HDMI-сигнали кога се наоѓа во режим на подготвеност.
      Оваа поставка штеди струја во режимот на подготвеност, споредено со поставката [On].

* Само за моделите за САД, Канада, Мексико и Австралија

Забелешка

  • Кога ресиверот е во режим на подготвеност, индикаторот (вклучено/режим на подготвеност) на предниот панел засветува во килибарна боја ако [Pass Through] е поставено на [On] (*) или [Auto].
  • Кога е избрано [Auto], може да треба повеќе време да се произведат сликата и звукот на телевизорот отколку кога е избрано [On] (*).

* Само за моделите за САД, Канада, Мексико и Австралија