ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Уживање во видео/звук од поврзаниот уред

  1. Сменете го влезот на телевизорот на влезот на којшто е поврзан ресиверот.
  2. Притиснете HOME.

    На телевизискиот екран се појавува главното мени.
    Во зависност од телевизорот, на главното мени може да му треба време за да се појави на телевизискиот екран.

  3. Изберете [Watch] - [Listen] од главното мени.

    Списокот со ставки на менито ќе се појави на телевизискиот екран.

  4. Изберете го саканиот уред.
  5. Вклучете го уредот и започнете со репродуцирање.
  6. Притиснете +/– за да ја прилагодите јачината на звукот.

    Можете да користите и MASTER VOLUME на ресиверот.

  7. Притиснете A.F.D./2CH, MOVIE или MUSIC за да уживате во опкружувачкиот звук.

    Можете да користите и A.F.D./2CH, MOVIE или MUSIC на ресиверот. За детали, погледнете „Избор на звучно поле (Sound Field).”

Забелешка

  • Пред да го исклучите ресиверот, проверете дека е намалено нивото на јачина на звук за да не ги оштетите звучниците.

Сугестија

  • Можете да вклучите INPUT SELECTOR на ресиверот или да ги притиснете копчињата за внесување на далечинскиот управувач за да го изберете саканиот уред.
  • Можете поинаку да ја прилагодувате јачината на звукот со помош на регулаторот MASTER VOLUME на ресиверот или копчињата +/– на далечинскиот управувач.
    За брзо да ја зголемите или намалите јачината на звукот
    • Брзо свртете го регулаторот.
    • Притиснете и задржете едно од копчињата.
    За фини прилагодувања
    • Бавно свртете го регулаторот.
    • Притиснете едно од копчињата и веднаш пуштете го.