Ажурирање на софтверот (Network Update)
Со преземање на најновата верзија на софтверот можете да ги искористите најновите функции.
За детали околу достапните ажурирања на софтверот, погледнете ја веб-локацијата за корисничка поддршка.
- Изберете [Settings] - [System Settings] од главното мени.
- Изберете [Network Update].
- Изберете [Start].
Потребното време за процесот на преземање се разликува во зависност од условите за преземање, како што е брзината на поврзувањето на интернет итн.
[Downloading 100%] се појавува на телевизискиот екран кога ќе заврши преземањето.
Кога ќе заврши преземањето, ресиверот автоматски започнува со ажурирање на софтверот. За време на ажурирањето на софтверот, приказот на телевизискиот екран и на екранот на панелот автоматски се исклучува. Само индикаторот (вклучено/режим на подготвеност) на предниот панел трепка бавно.
Процесот на ажурирање може да трае најдолго 40 минути додека да заврши.
Кога ажурирањето е завршено, [COMPLETE] се појавува на панелот за приказ и ресиверот автоматски повторно ќе почне со работа.
Забелешка
- Осигурете се дека нема да го исклучите ресиверот, да го исклучите мрежниот кабел или да извршите какви било операции на ресиверот додека е во тек ажурирањето.
- Откако еднаш ќе започнете со ажурирањето, не можете да ја вратите претходната верзија на софтверот.
- Ако се обидете да го ажурирате софтверот кога е вклучен тајмерот за заспивање, тој автоматски ќе се исклучи.