ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Уживање во аудиосодржина што е складирана на сервер на домашната мрежа (DLNA)

Преку користење на ресиверот, можете да репродуциратеаудио содржина како што е DSD, FLAC, WAV, AAC, MP3 итн., складирана на серверот на домашната мрежа.

На серверот може да му е потребно конфигурирање на некои поставки за да дозволи ресиверот да ја репродуцира аудиосодржината од серверот. За детали, погледнете ги упатствата за работа или помош на соодветните уреди или апликации.

Сервер

  1. Изберете [Listen] - [Home Network] од главното мени.

    Серверскиот список се појавува на телевизискиот екран.
    Ако последниот избран член (список за репродукција, албум, папка итн.) се појави на телевизискиот екран, притиснете RETURN да се вратите на серверскиот список.
    Доколку [No server is available] се појави, притиснете OPTIONS ,а потоа изберете [Refresh] за да го освежите серверскиот список.

  2. Изберете го серверот.

    Списокот со содржината се појавува на телевизискиот екран.

    Ако серверот не е достапен, притиснете OPTIONS ,а потоа изберете [Refresh] за да го освежите серверскиот список.

  3. Изберете ја саканата ставка (список за репродукција, албум, папка итн.).

    Повторете го овој чекор за да го стесните изборот сè додека не се појави саканата ставка. Ставките кои се прикажани зависат од серверот на кој сте поврзани.

  4. Изберете ја песната што сакате да ја слушате.

    Започнува репродуцирањето.

Забелешка

  • Аудиосодржината со УДП (Управување со дигитални права) заштита на авторски права, не може да се репродуцира на овој ресивер.
  • Може да има некои песни кои не можат да се репродуцираат на овој ресивер.

Сугестија

  • Ако серверскиот уред поддржува Wake-on-LAN, ресиверот автоматски го вклучува серверот во чекор 2. Ако серверот не го поддржува Wake-on-LAN, вклучете го серверот однапред. За детали околу поставките или работата на Wake-on-LAN на вашиот сервер, погледнете ги упатствата за работа или помош на вашиот сервер.
  • Ако изберете папка (како уметничка папка, жанровска папка итн.) и потоа го притиснете копчето , ресиверот ги репродуцира сите ставки во избраната папка.