Уживање во аудиосодржина што е складирана на USB-уред
Можете да уживате во музика од USB-уредот поврзувајќи го со приклучокот (USB) на ресиверот.
- Изберете [Listen] - [USB] од главното мени.
Кога е поврзан USB-уредот, на телевизискиот екран ќе се појави [USB]. Можете да ракувате со USB-уредот со помош на далечинскиот управувач на ресиверот.
-
Од списокот со содржини изберете ја саканата содржина.
Избраната содржина започнува со репродукција и на телевизискиот екран се појавува информација за музичката содржина.
Ракување со USB-уред со помош на далечинскиот управувач
Притиснете USB пред да ги употребите следните копчиња:
- : Ја започнува или ја паузира репродукцијата.
- : Ја запира репродукцијата.
- /: Оди до почетокот на претходната/тековната или следната песна.
Забелешка
- Кога го поврзувате ресиверот со мрежата преку поврзување со жичен LAN, функцијата USB привремено може да не работи поради состојбата со напојувањето на рутерот или состојбата на поврзување со мрежата итн. Ве молиме да почекате, бидејќи функцијата ќе се обнови по кратко време.