ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Проверка на резултатите од Auto Calibration

За да ги проверите кодовите на грешките или пораките за предупредување добиени во [Auto Calibration], продолжете со следниве чекори:

Ако се појави код на грешка

Проверете ја грешката и изведете Auto Calibration повторно.

  1. Изберете [Retry].
  2. Следете ги упатствата на телевизискиот екран, потоа притиснете за да изберете [Start].

    Мерењето ќе започне за пет секунди.
    Процесот на мерење ќе трае приближно 30 секунди со тон за тестирање.
    Кога мерењето ќе заврши, ќе се огласи сигнал и екранот се менува.

  3. Изберете ја саканата ставка.
    • Save: Ги меморира резултатите од мерењето и излегува од процесот на поставување.
    • Retry: Повторно изведува автоматска калибрација.
    • Discard: Излегува од процесот на поставување без меморирање на резултатите од мерењето.
  4. Меморирајте ги резултатите од мерењето.

    Изберете [Save] во чекор 3.

Ако се појави порака со предупредување

Проверете ја пораката со предупредување и потоа изберете [OK]. За детали за пораките за предупредување, погледнете „Список со пораки по мерења со автоматска калибрација.”

Сугестија

  • Резултатите од мерењето може да варираат во зависност од положбата на сабвуферот. Меѓутоа, ако продолжите да го користите ресиверот со таа вредност, нема да предизвика проблеми.