Поставување на режимот на подготвеност на Bluetooth (Bluetooth Standby)
Можете да го поставите режимот на подготвеност за Bluetooth така што ресиверот може да се контролира преку уред со BLUETOOTH, дури и кога ресиверот е во режим на подготвеност.
- Притиснете BLUETOOTH на ресиверот.
Можете да изберете и [Listen] - [Bluetooth] од главното мени.
- Притиснете OPTIONS.
Се појавува менито со опции.
- Изберете [Bluetooth Standby].
- Изберете [Yes].
Ресиверот автоматски ќе се вклучи кога ќе воспоставите поврзување преку BLUETOOTH од уредот со BLUETOOTH.
Изберете [No] за да се исклучи оваа функција.
Забелешка
- Кога ресиверот е во режим на подготвеност, индикаторот (вклучено/во режим на подготвеност) на предниот панел засветува жолто ако [Bluetooth Standby] е поставен на [Yes].
- Можете да го изберете овој параметар само кога вашиот уред со BLUETOOTH е спарен.
Сугестија
- Можете да изберете [Bluetooth Standby] во [Settings] - [Bluetooth Settings] во главното мени.