ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Музички режим

Можете да ја искористите предноста на опкружувачкиот звук со едноставно избирање на едно од претходно програмираните звучни полиња на ресиверот. Тие го доведуваат возбудливиот и моќен звук на концертните сали во вашиот дом.

Berlin Philharmonic Hall (BERLIN):
Ги репродуцира звучните карактеристики на концертната сала на Берлинската филхармонија.
Concertgebouw Amsterdam (CONCERTGEB):
Ги репродуцира звучните карактеристики создадени од рефлексивноста на оваа концертна сала во Амстердам, Холандија, која е карактеристична по својата голема звучна сцена.
Musikverein Vienna (MUSIKVEREI):
Ги репродуцира звучните карактеристики на оваа концертна сала во Виена, Австрија, која е карактеристична по резонансата и уникатното ехо.
Jazz Club (JAZZ):
Ја репродуцира акустиката на џез клуб.
Live Concert (CONCERT):
Ја репродуцира акустиката на сала за изведби во живо, со капацитет од 300 места.
Stadium (STADIUM):
Го репродуцира чувството на голем, отворен стадион.
Sports (SPORTS):
Го репродуцира чувството на спортски пренос.
Portable Audio (PORTABLE):
Репродуцира јасен, засилен звук од вашиот преносен аудиоуред. Овој режим е идеален за MP3 и други видови компресирана музика.
PLII Music:
Изведува декодирање во режимот Dolby Pro Logic II Music. Оваа поставка е идеална за нормални стерео извори како CD.
PLIIx Music:
Извршува декодирање во режимот Dolby Pro Logic IIx Music. Оваа поставка е идеална за нормални стерео извори како CD.
Neo:6 Music (Neo:6 MUS):
Извршува декодирање во режимот DTS Neo:6 Music. Изворите кои се снимени во двоканален формат се подобрени до ниво на 7 канали. Оваа поставка е идеална за нормални стерео извори како CD.