Уживање во аудиосодржина од iTunes или iPhone/iPad/iPod преку мрежата (AirPlay)
Со помош на безжична мрежа, со овој ресивер можете да репродуцирате аудиосодржина на iPhone, iPad, iPod touch или во iTunes Library на вашиот компјутер.
Компјутер
iPhone/iPad/iPod touch
- Допрете/кликнете на иконата на екранот на iPhone/iPad/iPod или прозорецот на iTunes.
- Изберете [STR-DN1050] или [STR-DN850] на менито на AirPlay на iTunes или на iPhone/iPad/iPod.
- Започнете со репродукција на аудиосодржина на iPhone/iPad/iPod или во iTunes.
Контрола на репродукција во AirPlay
Можете да ги користите копчињата +/–, , , , на далечинскиот управувач кога ресиверот е избран како уред за излез.
Забелешка
- Пред да ги користите со ресиверот, ажурирајте ги iPhone/iPad/iPod или iTunes со последната верзија.
- За детали околу употребата на iPhone/iPad/iPod, iTunes или AirPlay, погледнете во упатствата за работа на вашиот уред.
Сугестија
- Ако репродукцијата не започне, изведете го процесот повторно од чекор 1.
- Името на уредот прикажано во менито на AirPlay може да се разликува. За да го потврдите или уредите името на уредот, погледнете „Доделување име на ресиверот (Device Name)“.
- Ако ја поставите јачината на звукот на iPhone/iPad/iPod или iTunes на гласно, од ресиверов може да излезе многу гласен звук.
- Може да не биде можно да го поврзете нивото на јачина на звукот на iPhone/iPad/iPod или iTunes со нивото на јачина на звук на овој ресивер.