ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850
Се појавува [Cannot play].
- Не можете да репродуцирате никакви датотеки освен аудиодатотеки.
- На серверот може да му се потребни некои поставки за да ја прифати врската од ресиверот. Потврдете дека серверот е правилно конфигуриран. Потврдете дека на ресиверот му е дозволено да прима музика проследувана од серверот.
- Проверете за да потврдите дали аудиодатотеките на серверот се оштетени или избришани. Погледнете во упатствата за работа што се испорачани со серверот.
- Не можете да ги репродуцирате следниве песни:
- Песни кои ги нарушуваат ограничувањата на репродуцирањето.
- Песни со информации за авторски права.
- Песни кои сте ги набавиле во музичка продавница на интернет која не овозможува проток на домашна мрежа.
- Песни во формати кои не се поддржани од ресиверот.
- Потврдете дека избраната песна не е избришана од серверот. Ако песната е избришана, изберете друга песна.
- Бидете сигурни дека рутерот или рутерот/пристапната точка за безжичен LAN се вклучени.
- Серверот можеби е нестабилен. Рестартирајте го.
- Потврдете дека ресиверот и серверот се правилно поврзани на рутерот или на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.
- Аудиосодржината со УДП (Управување со дигитални права) заштита на авторски права, не може да се репродуцира на овој ресивер.
- Може да има некои песни кои не можат да се репродуцираат на овој ресивер.