ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Начин 4: Поставување мрежно поврзување со додавање нова пристапна точка (начин со рачно поставување)

Можете рачно да го внесете саканото име на мрежата (SSID) ако истото не се појавува во списокот.

  1. Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Internet Settings].
  3. Изберете [Wireless] (*).

    * Не можете да изберете [Wireless] ако LAN-кабелот е поврзан на ресиверот.

  4. Изберете [Manual Registration].
  5. Изберете [Direct Input].
  6. Внесете го саканото име на мрежата (SSID) користејќи ја тастатурата на екранот. Притиснете /// и за да ги изберете знаците еден по еден, а потоа изберете [Enter].

    Името што го внесовте е регистрирано.

  7. Изберете ја саканата поставка за безбедност.
  8. Внесете го безбедносниот клуч (клуч WEP, клуч WPA/WPA2) користејќи ја тастатурата на екранот. Притиснете /// и за да ги изберете знаците еден по еден, а потоа изберете [Enter] да го потврдите безбедносниот клуч.

    Екранот за избор на начинот за добивање на IP-адресата се прикажува на телевизискиот екран.

  9. Изберете [Auto].
  10. Изберете [OK].

    Ресиверот започнува со поврзувањето на мрежата. За детали, погледнете ги пораките кои се појавуваат на екранот на телевизорот.
    Откако поставките на мрежата се завршени, [] засветува на панелот за приказ.

Ако користите фиксна IP-адреса

Изберете [Manual] во чекор 9. Екранот за внес на IP-адресата се појавува на телевизискиот екран.
Внесете ја вредноста за [IP Address] со помош на тастатурата на екранот. Притиснете /// и за да ги изберете знаците еден по еден, а потоа изберете [Enter] за да ја потврдите вредноста.
Внесете ги вредностите за [Subnet Mask], [Default Gateway], [Primary DNS] и [Secondary DNS], а потоа изберете [Next].

Сугестија

  • Погледнете [Information] кога ги проверувате мрежните поставки.