Начин 3: Поставување мрежно поврзување со избор на пристапна точка (начин со скенирање на пристапни точки)
За да ја поставите мрежата користејќи го овој начин на поврзување, ќе треба да ги изберете или внесете следните информации. Проверете ги однапред следниве информации.
Забелешка
- Овој начин на поврзување бара информации како што се име на мрежата (SSID) (*1) на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN и безбедносен клуч (лозинка) (*2) за мрежата.
*1 SSID (Идентификатор за поставена услуга) е името што идентификува дадена пристапна точка.
*2 Овие информации треба да се достапни од ознаката на рутерот/пристапната точка за безжичниот LAN, од упатствата за работа, од личноста што ви ја поставила безжичната мрежа или од информациите дадени од снабдувачот на услугата интернет.
- Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
- Изберете [Internet Settings].
- Изберете [Wireless] (*).
Екранот за избор на начинот за добивање на IP-адресата се прикажува на телевизискиот екран.
* Не можете да изберете [Wireless] ако LAN-кабелот е поврзан на ресиверот.
- Изберете [Access Point Scan].
Се појавува список со достапните имиња SSID (пристапни точки).
- Изберете го саканото име на мрежата (SSID).
Екранот за поставките за безбедност се појавува на телевизискиот екран.
- Внесете го безбедносниот клуч (клуч WEP, клуч WPA/WPA2) користејќи ја тастатурата на екранот. Притиснете /// и за да ги изберете знаците еден по еден, а потоа изберете [Enter] да го потврдите безбедносниот клуч.
Екранот за избор на начинот за добивање на IP-адресата се прикажува на телевизискиот екран.
- Изберете [Auto].
- Изберете [OK].
Ресиверот започнува со поврзувањето на мрежата. За детали, погледнете ги пораките кои се појавуваат на екранот на телевизорот.
Откако поставките на мрежата се завршени, [] засветува на панелот за приказ.
Ако користите фиксна IP-адреса
Изберете [Manual] во чекор 7. Екранот за внес на IP-адресата се појавува на телевизискиот екран.
Внесете ја вредноста за [IP Address] со помош на тастатурата на екранот. Притиснете /// и за да ги изберете знаците еден по еден, а потоа изберете [Enter] за да ја потврдите вредноста.
Внесете ги вредностите за [Subnet Mask], [Default Gateway], [Primary DNS] и [Secondary DNS], а потоа изберете [Next].
Забелешка
- Екранот за поставката за безбедност не се појавува во чекор 6 ако мрежата не е заштитена со шифрирање (со користење безбедносен клуч).
Сугестија
- Погледнете [Information] кога ги проверувате мрежните поставки.