Начин 2: Поставување безжична мрежа користејќи го начинот за конфигурација со код PIN за WPS
Можете да воспоставите врска со внесување на PIN (број за лична идентификација) кодот од ресиверот во рутерот/пристапната точка за безжичен LAN, за да ја потврдите автентичноста на врската помеѓу уредите.
- Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
- Изберете [Internet Settings].
- Изберете [Wireless] (*).
* Не можете да изберете [Wireless] ако LAN-кабелот е поврзан на ресиверот.
- Изберете [Manual Registration].
- Изберете [WPS PIN].
Се појавува список со достапните имиња SSID (пристапни точки).
- Изберете го саканото име на мрежата (SSID).
На телевизискиот екран се појавува PIN-кодот (8 цифри) на ресиверот. Оставете кодот PIN да се прикажува додека поврзувањето не е завршено. (Секојпат кога ја изведувате оваа операција се појавува различен PIN-код.)
- Внесете го PIN-кодот на ресиверот во рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.
Ресиверот започнува со поврзувањето на мрежата. За детали, погледнете ги пораките кои се појавуваат на екранот на телевизорот.
Откако поставките на мрежата се завршени, [] засветува на панелот за приказ.
Забелешка
- Имињата SSID кои не поддржуваат WPS PIN ќе се појават затемнети и не можат да бидат избрани во чекор 5.
Сугестија
- WPS (Wi-Fi заштитено поставување) е стандард создаден од Wi-Fi Alliance што ви овозможува лесно и безбедно поставување безжична мрежа.
- Погледнете [Information] кога ги проверувате мрежните поставки.
- За детали околу внесувањето на PIN-кодот во рутерот/пристапната точка за безжичен LAN, погледнете во упатствата за работа на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.