ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Начин 1: Поставување безжична мрежа користејќи ја конфигурацијата со WPS-копче за притискање

Ако рутерот/пристапната точка за безжичен LAN има копче WPS, лесно можете да го поврзете ресиверот на Wi-Fi (безжичен LAN) мрежата.
Ако рутерот за безжичен LAN има копче AOSS или друго копче за лесно поставување, тој можеби поддржува WPS. За детали, проверете го упатството за употреба на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.

  1. Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Internet Settings].
  3. Изберете [Wireless] (*).

    Екранот за избор на начинот за добивање на IP-адресата се прикажува на телевизискиот екран.

    * Не можете да изберете [Wireless] ако LAN-кабелот е поврзан на ресиверот.

  4. Изберете [WPS Push].

    Ресиверот започнува со барање пристапна точка и прикажува список со најмногу 30 имиња на достапни мрежи (имиња SSID).

  5. Следете ги упатствата на екранот и притиснете го копчето WPS на пристапната точка.

    Порака: [Push the WPS button on the access point within 2 minutes.]

    Копче WPS на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN

    Ресиверот започнува со поврзувањето на мрежата. За детали, погледнете ги пораките кои се појавуваат на екранот на телевизорот.
    Откако поставките на мрежата се завршени, [] засветува на панелот за приказ.

Сугестија

  • WPS (Wi-Fi заштитено поставување) е стандард создаден од Wi-Fi Alliance што ви овозможува лесно и безбедно поставување безжична мрежа.
  • Погледнете [Information] кога ги проверувате мрежните поставки.