Функција за конверзија на видеосигнали
Ресиверот е опремен со функција за конверзија на видеосигнали. Видео сигналите и компонентните видеосигнали можат да излезат како HDMI-видеосигнали (*1).
Совпаѓањето на приклучоците INPUT кон приклучоците OUTPUT е прикажано подолу.
- HDMI IN: HDMI OUT
- COMPONENT VIDEO IN (само за STR-DN1050): HDMI OUT (*1), COMPONENT VIDEO MONITOR OUT (*2)
- VIDEO IN: HDMI OUT (*1), MONITOR OUT (*2)
*1 Само за STR-DN1050. Видеосигналите се конвертираат нагоре кога излегуваат (до 4K).
*2 Излегува истиот тип сигнал како оној на влезниот сигнал.
Забелешка
- Кога видеосигналите од видеорекордерот итн., се конвертирани нагоре во овој ресивер и потоа се гледаат на телевизорот, сликата на телевизискиот екран може да биде хоризонтално искривена или не може да се види слика, во зависност од статусот на излезот на видеосигналот.
- Ако со видеорекордерот користите коло за подобрување на сликата, тоа може да влијае на конверзијата на видеосигналот. Се препорачува да ја исклучите оваа функција на видеорекордерот.
- Конвертираната излезна HDMI-слика не поддржува „x.v.Color (x.v.Colour)“, Deep Color (Длабока боја) или 3D.
- HDMI-видеосигналите не може да се конвертираат во компонентни видеосигнали или видеосигнали.
- Компонентните видеосигнали во 1080p не може да се конвертираат нагоре.
- Кога [4K Scaling] е поставено на [Auto], ако HDMI-влезнитесигнали се [email protected]/24 Hz и е поврзан 4K-компатибилен телевизор, влезните HDMI-сигнали автоматски се конвертираат нагоре во 4K-слики и излегуваат од приклучокот HDMI OUT.