ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Нема звук или само многу слаб звук се слуша од одредени звучници.

  • Поврзете пар слушалки со приклучокот PHONES за да потврдите дека звукот излегува од слушалките. Доколку од слушалките излегува само еден канал, уредот можеби не е поврзан правилно со ресиверот. Проверете дали сите кабли се целосно вметнати во приклучоците на ресиверот и на уредот.
    Доколку и двата канала излегуваат од слушалките, предниот звучник можеби не е поврзан правилно со ресиверот. Проверете го поврзувањето на предниот звучник кој не произведува никаков звук.
  • Осигурете се дека сте поврзале и на L и на R-приклучоците на аналогниот уред зашто аналогните уреди бараат да бидат поврзани и приклучокот L и приклучокот R. Користете аудиокабел (не е обезбеден).
  • Прилагодете го нивото на звучниците.
  • Проверете дали поставките на звучникот се соодветни за поставеноста со користење [Auto Calibration] или [Speaker Connection] во менито Speaker Settings. Потоа, проверете дали звукот правилно излегува од секој звучник со помош на [Test Tone] во менито Speaker Settings.
  • Некои дискови немаат информации за Dolby Digital Surround EX. Во овој случај, може да не се емитува звук од некои звучници.
  • Проверете дали сабвуферот е правилно и цврсто поврзан.
  • Осигурете се дека го имате вклучено вашиот сабвуфер.
  • Во зависност од избраното звучно поле, од сабвуферот може да не биде достапен никаков звук.
  • Нема звук од сабвуферот кога сите звучници се поставени на [Large] и избрано е [Neo:6 Cinema] или [Neo:6 Music].