ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Пред да изведете Auto Calibration

Пред да изведете Auto Calibration, проверете ги следниве ставки:

  • Поставете ги и поврзете ги звучниците.
  • Освен обезбедениот оптимизирачки микрофон, не поврзувајте други микрофони со приклучокот AUTO CAL MIC.
  • Доколку користите поврзување со двоен засилувач или звучници со предно B-поврзување, поставете го правилно назначувањето за терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B. За детали, погледнете „Избор на шемата на звучниците и поставување на назначувањето за терминалите на звучниците (Speaker Connection/SB Speaker Assign)“.
  • Поставете го излезот на звучниците на друга поставка освен [SPK OFF]. За детали, погледнете „Избирање на предни звучници“.
  • Исклучете ги слушалките.
  • Отстранете ги пречките помеѓу оптимизирачкиот микрофон и звучниците.
  • За прецизно мерење, осигурете се дека средината е тивка и без шум.

Забелешка

  • Звучниците емитуваат многу гласен звук за време на калибрацијата, па јачината на звукот не може да се приспособи. Бидете внимателни кон вашите соседи и сите деца кои се присутни.
  • Доколку функцијата за исклучување на тонот е активирана пред да изведете Auto Calibration, таа автоматски ќе се исклучи.
  • Можно е да не може да се направат точни мерења или воопшто да се изведе Auto Calibration ако се користат посебни звучници, како што се диполните.