ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Список со пораки по мерења со автоматска калибрација

  • Error 30:
    Слушалките се поврзани на приклучокот PHONES на ресиверот. Извадете ги слушалките и повторно изведете Auto Calibration.
  • Error 31:
    Предните звучниците не се правилно избрани. Изберете ги предните звучници со помош на SPEAKERS и повторно изведете Auto Calibration. За детали околу изборот на предните звучници, погледнете „Избор на предните звучници (само за STR-DH750).”
  • Error 32, Error 33:
    • Звучниците не се откриени или не се правилно поврзани.
    • Ниту еден од предните звучници не е поврзан или поврзан е само еден преден звучник.
    • Или левиот или десниот звучник за опкружувачки звук не е поврзан.
    • Задниот звучник за опкружувачки звук е поврзан само со терминалот SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B R. Доколку поврзувате само еден заден звучник за опкружувачки звук, поврзете го со терминалот SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B L (само за STR-DH750).
    • Или предниот висок лев или предниот висок десен звучник не е поврзан.
    Оптимизирачкиот микрофон не е поврзан. Осигурете се дека оптимизирачкиот микрофон е соодветно поврзан и повторно изведете Auto Calibration.
    Доколку оптимизирачкиот микрофон е соодветно поврзан, но кодот на грешката сѐ уште се појавува, кабелот на оптимизирачкиот микрофон може да е оштетен.
  • Warning 40:
    Процесот на мерење е завршен и беше детектирано високо ниво на шум. Можеби ќе постигнете подобри резултати ако се обидете повторно со процесот во тивка средина.
  • Warning 41, Warning 42:
    Влезот од микрофонот е премногу голем.
    • Растојанието помеѓу звучникот и микрофонот можеби е премногу мало. Раздалечете ги и повторно изведете го мерењето.
  • Warning 43:
    Растојанието и положбата на сабвуферот не може да се забележи. Ова може да е предизвикано од шум. Обидете се да го изведете мерењето во тивка средина.