ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Прилагодување на нивото на звучниците (Manual Setup)

Можете да го прилагодите нивото на секој звучник (преден лев/десен, преден висок лев/десен (*1), централен, лев/десен звучник за опкружувачки звук, заден лев/десен звучник за опкружувачки звук (*1) и сабвуфер).

*1 само за STR-DH750

  1. Изберете [Settings] - [Speaker Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Manual Setup].
  3. Изберете го звучникот на екранот за кој сакате да го прилагодите нивото на звучникот.
  4. Изберете [Level], а потоа притиснете/за да го прилагодите нивото.

Забелешка

  • Кога е избрано едно од звучните полиња за музика, не излегува никаков звук од сабвуферот ако сите звучници се поставени на [Large] во менито Speaker Settings. Меѓутоа, звукот ќе излегува од сабвуферот ако:
    • дигиталниот влезен сигнал содржи LFE-сигнали.
    • предните или звучниците за опкружувачки звук се поставени на [Small].
    • е избрано [Multi Stereo], [PLII Movie], [PLII Music], [PLIIx Movie] (*2), [PLIIx Music] (*2), [HD-D.C.S.] или [Portable Audio].

*2 само за STR-DH750