ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Поставување аудиокодеци на BLUETOOTH (BT AAC/BT aptX) (само за STR-DH750)

Можете да овозможите и оневозможите AAC (Advanced Audio Coding) или aptX-аудио.

  1. Притиснете BLUETOOTH на ресиверот.

    Можете да изберете и [Listen] - [BLUETOOTH] од главното мени.

  2. Притиснете OPTIONS.

    Се појавува менито со опции.

  3. Изберете [BT AAC] или [BT aptX].
  4. Изберете [On] или [Off].
    • On: AAC и/или aptX-аудио е достапно.
    • Off: AAC и/или aptX-аудио не е достапно.

Забелешка

  • Можете да уживате во висококвалитетен звук ако е овозможено AAC или aptX.
  • Кога ќе ја смените оваа поставка, уредот со BLUETOOTH автоматски се исклучува од ресиверот.