Grid Line
Поставува дали да биде прикажана решетка. Решетката ќе ви помогне да ја прилагодите композицијата на сликите.
- MENU → (Custom Settings) → [Grid Line] → посакувано поставување.
Детали за ставките на менито
Rule of 3rds Grid:
За добро избалансирана композиција, поставете ги главните објекти близу до една од линиите на решетката која ја дели сликата на третини.
Square Grid:
Квадратните решетки го прават полесно потврдувањето на хоризонталното ниво на вашата композиција. Ова е погодно при одредувањето на квалитетот на композицијата кога снимате пејзаж, одблиску или удвоени слики.
Diag. + Square Grid:
Поставете го објектот на дијагоналната линија за да искажете воздигнато и моќно чувство.
Off (стандардно поставување):
Не прикажува решетка.