Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Ниво на снимање аудио

Можете да го прилагодите нивото на снимање на аудиото додека го проверувате мерачот на нивото.

  1. MENU (Camera Settings) → [Audio Rec Level] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

+:
Го наголемува нивото за снимање аудио.
−:
Го намалува нивото за снимање аудио.

Reset:
Го ресетира нивото за снимање аудио на стандардните поставувања.

Забелешка

  • Без разлика на поставувањата [Audio Rec Level], ограничувачот постојано работи.
  • [Audio Rec Level] е достапно само кога режимот на снимање е поставен на Movie.
  • Поставувањата на [Audio Rec Level] се применуваат како за внатрешниот микрофон, така и за влезниот приклучок (микрофон).

Совет

  • Користете слушалки и прилагодете го нивото на аудио преку проверка на актуелниот звук.
  • Кога снимате аудиофилмови со големи јачини на звук, поставете го [Audio Rec Level] на пониско ниво на звук. На тој начин ќе можете да снимите пореално аудио. Кога снимате аудиофилмови со помали јачини на звук, поставете го [Audio Rec Level] на повисоко ниво на звук, за да го направите звукот полесен за слушање.