Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Приказ на самодијагноза

Ако се појави код што почнува со буква од азбуката, функцијата за самодијагноза на производов работи. Последните две цифри (покажани со □□) ќе се разликуваат зависно од состојбата на производов.
Ако не можете да го решите проблемот дури и кога неколку пати ќе се обидете со следните акции за поправка, можеби на производов му треба поправка. Контактирајте го најблискиот продавач на Sony или со овластен сервис за Sony.

C:32:□□

  • Постои проблем со хардверот на производот. Исклучете го напојувањето и повторно вклучете го.

C:13:□□

  • Производов не може да чита или пишува податоци на мемориската картичка. Обидете се со исклучување и повторно вклучување на производов, или со вадење и вметнување на мемориската картичка неколку пати.
  • Вметната е неформатирана мемориска картичка. Форматирајте ја мемориската картичка.
  • Вметнатата мемориска картичка не може да се користи со производов или податоците се оштетени. Вметнете нова мемориска картичка.

E:61:□□

E:62:□□

E:91:□□

  • Се појави дефект на производот. Иницијализирајте го производот, потоа повторно вклучете го напојувањето.

E:94:□□

  • Се појави дефект со пишувањето или бришењето податоци. Потребна е поправка. Контактирајте го најблискиот продавач на Sony или со овластен сервис за Sony. Бидете подготвени да ги дадете сите броеви од почетокот на кодот за грешка од E.