Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Мерки на претпазливост

Правење резервна копија на мемориските картички

Податоците може да се оштетени во следните случаи. Направете резервна копија на податоците за заштита.

  • Ако мемориската картичка се отстрани или ако производот се исклучи за време на постапката на читање или пишување.
  • Ако мемориската картичка се користи на локации што се подложни на статичка енергија или електричен шум.

Создавање датотека со база на податоци на слики

Ако во производот вметнете мемориска картичка која не содржи датотека со база податоци на слики и ако го вклучите, производот автоматски ќе создаде датотека со база податоци на слики користејќи дел од капацитетот на мемориската картичка. Овој процес може да потрае подолго време и додека не заврши нема да може да ракувате со производот.
Ако се појави грешка со датотеката на базата податоци, префрлете ги сите слики на вашиот компјутер со помош на „PlayMemories Home“, а потоа форматирајте ја мемориската картичка со помош на производот.

Не користете/складирајте го производот на следниве места

  • На екстремно топло, студено или влажно место
    На места како автомобил паркиран на сонце, телото на фотоапаратот може да се деформира и тоа да предизвика дефект.
  • Складирање под директна сончева светлина или во близина на греалка
    Телото на фотоапаратот може да ја изгуби бојата или да се деформира и тоа да предизвика дефект.
  • На локација подложна на вибрации што тресат
  • Во близина на силно магнетно место
  • На места со песок или со прав
    Внимавајте да не навлезе песок или прав во производот. Тоа може да предизвика дефект кај производот, а во некои случаи дефектот може да биде непоправлив.

За работната температура

Производот е направен за употреба на температури помеѓу 0°C и 40°C (32°F и 104°F). Снимање на екстремно студени или жешки места што се надвор од овој опсег не се препорачува.

За кондензацијата на влага

  • Доколку производот се внесува директно од ладна во топла локација, влагата може да се кондензира во или надвор на производот. Кондензирањето на влагата може да предизвика дефект кај производот.
  • Ако настане кондензација на влага, исклучете го производот и почекајте околу еден час за влагата да испари. Имајте предвид дека ако се обидете да снимате со влага во објективот, нема да може да снимате јасни слики.

За функциите достапни со производот

Ова упатство ги опишува функциите на 1080 60i компатибилните уреди и 1080 50i компатибилните уреди. За да проверите дали вашиот производ е уред компатибилен со 1080 60i или со 1080 50i, побарајте ги следниве ознаки на дното на производот.

  • Уред компатибилен со 1080 60i: 60i
  • Уред компатибилен со 1080 50i: 50i

Забелешки за ракување во авион

  • Во авион, поставете го [Airplane Mode] на [On].

За компатибилноста на податоците за слики

Производот е во согласност со универзалниот стандард DCF (Правила за дизајн на датотечен систем на фотоапарат) воспоставен од JEITA (Здружение на индустриите за електроника и информатичка технологија на Јапонија).

  • Репродукцијата на слики снимени со производот на друга опрема и репродукцијата на слики снимени или уредени со друга опрема на производот не се гарантирани.

Забелешки за репродукција на филмови на други уреди

  • Овој производ користи MPEG-4 AVC/H.264 High Profile за формат на снимање AVCHD. Затоа, филмовите снимени во формат AVCHD со овој производ не можат да се репродуцираат со следниве уреди.
    • Други уреди компатибилни со форматот AVCHD кои не поддржуваат High Profile
    • Уреди кои не се компатибилни со форматот AVCHD

    Овој производ користи и MPEG-4 AVC/H.264 Main Profile за формат на снимање MP4. Затоа, филмовите снимени во формат MP4 со овој производ репродуцирајте ги со уреди што поддржуваат MPEG-4 AVC/H.264.

  • Дисковите снимени со квалитет на сликата во HD (висока резолуција) можат да се репродуцираат само на уреди компатибилни со форматот AVCHD.
    DVD-плеерите или снимачите не можат да репродуцираат дискови со квалитет на сликата во HD (висока резолуција), бидејќи тие не се компатибилни со форматот AVCHD. Исто така, DVD-плеерите или снимачите можеби нема да можат да ги исфрлат дисковите што се снимени користејќи го форматот AVCHD.

За мониторот и објективот

  • Мониторот е произведен со користење на технологија со екстремно висока прецизност, со што 99,99% од пикселите се во состојба за ефективно користење. Сепак, можни се некои мали црни точки и/или светли точки (со бела, црвена, сина или зелена боја) кои постојано се присутни на мониторот. Овие точки се нормални во процесот на производство и не влијаат врз сликите на каков било начин.
  • Изложувањето на мониторот или на објективот подолго време на директна сончева светлина може да предизвика дефект. Внимавајте кога го поставувате производот во близина на прозорец или на отворен простор.
  • Не притискајте го мониторот. Тој може ја изгубил бојата и тоа може да предизвика дефект.
  • На студени локации, сликите можат да се размачкаат на мониторот. Ова не е некој дефект.
  • Ако на мониторот има капки вода или други течности, избришете го со мека крпа. Ако остане мокар, неговата површина може да се промени или да се оштети. Ова може да предизвика дефект.
  • Кога комплетот батерии ќе се испразни, производот може да се исклучи додека објективот сè уште е извлечен. Вметнете наполнет комплет батерии, а потоа повторно вклучете го производот.
  • Не удирајте го објективот и не подложувајте го на сила.

Забелешки за блицот

  • Не покривајте го блицот со прстите.
  • Не носете го производот држејќи го за блицот и не користете прекумерна сила врз него.
  • Доколку во блицот навлезат вода, прав или песок, може да предизвикаат дефект.

Забелешки за фрлање на производот или за негово пренесување на други лица

  • Изведете [Setting Reset] за да ги ресетирате сите поставки.