Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Увезување слики на компјутерот

„PlayMemories Home“ ви овозможува лесен увоз на слики. За детали за функциите на „PlayMemories Home“, погледнете во делот за помош на „PlayMemories Home“.

Увезување слики во компјутерот без користење на „PlayMemories Home“ (за Windows)

Кога ќе се појави волшебникот за автоматска репродукција, по остварувањето на USB-поврзување помеѓу производот и компјутерот, кликнете на [Open folder to view files][OK][DCIM] или [MP_ROOT]. Потоа, копирајте ги саканите слики во компјутерот.

  • Ако се појави „Device Stage“ на компјутер со Windows 7 или Windows 8, кликнете двапати на [Browse Files] → иконата за медиуми → папката каде што се складирани сликите што сакате да ги увезете.

Увезување слики во компјутерот без користење на „PlayMemories Home“ (за Mac)

Поврзете го производот со компјутерот Mac. Кликнете двапати на новата икона што ќе се препознае на десктоп → папката каде што е складирана сликата што сакате да ја увезете. Потоа, повлечете ја и пуштете ја датотеката на сликата на иконата за тврд диск.

Забелешка

  • За постапки како што е увезување филмови AVCHD во компјутерот, користете „PlayMemories Home“.
  • Не уредувајте ги и не обработувајте ги на ниту еден начин датотеките или папките на филмовите AVCHD преку поврзаниот компјутер. Датотеките на филмовите може да се оштетат или да не може да се репродуцираат. Не бришете ги или не копирајте ги филмовите AVCHD на мемориската картичка преку компјутерот. Sony не е одговорен за последиците што ќе произлезат од таквите постапки преку компјутерот.