Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Ctrl w/ Smartphone

Може да го користите паметниот телефон како далечински управувач за овој производ и да снимате фотографии. Фотографиите снимени преку далечинскиот управувач се испраќаат од овој производ до паметниот телефон.
Апликацијата „PlayMemories Mobile“ мора да биде инсталирана на вашиот паметен телефон.

  1. MENU (Wireless)[Ctrl w/ Smartphone].
  2. Кога производот е подготвен да се поврзе, на него се прикажува екран со информации. Поврзете ги паметниот телефон и производот користејќи ги тие информации.

    Постапката за поставување се разликува во зависност од паметниот телефон.

  3. Проверете ја композицијата на сликата на екранот од паметниот телефон, а потоа притиснете го копчето за бленда (A) на телефонот за да фотографирате.
    • Користете го копчето за зумирање (B) за да зумирате или одзумирате.
    • Користете го копчето (C) за да ги смените поставките за [Flash] и [Self-Timer]. Може да ги смените и поставките за зачувување слика.

Забелешка

  • Производот ги споделува информациите за поврзување за [Send to Smartphone] со уред кој има дозвола за поврзување. Ако сакате да го смените уредот што има дозвола за поврзување со производот, ресетирајте ги информациите за поврзување следејќи ги следните чекори. MENU → (Wireless)[SSID/PW Reset]. По ресетирањето на информациите за поврзување, мора да го регистрирате паметниот телефон повторно.