HDMI Resolution
Кога ќе го поврзете производот со телевизор со висока резолуција (HD) со приклучоците за HDMI користејќи HDMI-кабел (се продава одделно), може да ја изберете резолуцијата на HDMI за приказ на сликите на телевизорот.
- MENU → (Setup) → [HDMI Resolution] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
Auto (стандардна поставка):
Производот автоматски го препознава телевизорот во HD и ја поставува излезната резолуција.
1080p:
Прикажува сигнали со квалитет на слика во HD (1080p).
1080i:
Прикажува сигнали со квалитет на слика во HD (1080i).
Забелешка
- Ако сликите не се прикажуваат соодветно користејќи ја поставката [Auto], изберете [1080i] или [1080p], зависно од тоа кој телевизор треба да се поврзе.