Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Репродукција на панорамски слики

Производот автоматски ја придвижува панорамската слика од едниот до другиот крај.

  1. Притиснете го копчето (репродукција) за да се префрлите во режимот за репродукција.
  2. Со користење на контролното тркалце изберете ја панорамската слика која треба да се репродуцира.
  3. Притиснете го на центарот за да ја репродуцирате сликата.

    • За да ја запрете репродукцијата, притиснете го повторно на центарот.
    • За да се вратите на приказот на целата слика, притиснете го копчето MENU.

Забелешка

  • Панорамските слики снимени со користење на друг производ може да бидат прикажани со големина различна од актуелната или може да не се придвижуваат правилно.