Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Зум на репродукција

Ја зголемува сликата која се репродуцира.

  1. Прикажете ја сликата којашто сакате да ја зголемите и лизгајте ја рачката W/T (зум) кон страната Т.
    • Ако сликата е премногу голема, лизгајте ја рачката W/T (зум) кон страната W за да ја прилагодите скалата на зумот.
  2. Изберете го делот којшто сакате да го зголемите со притискање на горната/долната/десната/левата страна на контролното тркалце.

Совет

  • Исто така можете да ја зголемите сликата која се репродуцира со користење на MENU.
  • Исто така можете да ја зголемите сликата која се репродуцира со притискање на копчето .

Забелешка

  • Функцијата за зголемување при репродукција не можете да ја користите со филмови.