ISO
Чувствителноста на осветлување е изразена со помош на ISO бројот (препорачан индекс на експозиција). Колку е поголем бројот, толку е поголема чувствителноста.
- MENU → (Camera Settings) → [ISO] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- Multi Frame NR:
- Комбинира непрекинати снимки за да создаде слика со помалку шум.
- ISO AUTO (стандардна поставка):
- Автоматски ја поставува чувствителноста ISO.
80/100/125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800:
Со зголемување на чувствителноста ISO (изберете голем број), можете да го намалите заматувањето на сликата на темни локации или со објекти кои се движат.
Забелешка
- Избрано е [ISO AUTO] кога ги користите следниве функции:
- [Intelligent Auto]
- [Superior Auto]
- [Scene Selection]
- [Sweep Panorama]
- Кога [ISO] е поставен на вредност пониска од ISO 125, може да се намали опсегот на осветлување на објектот кој го снимате (динамички опсег).
- Колку е повисока вредноста на ISO, толку повеќе шум ќе се јавува на сликите.
- Кога снимате филмови, достапни се вредности на ISO помеѓу ISO 125 и ISO 12800.
Совет
- Можете да го смените автоматски поставениот опсег на ISO чувствителност во поставката [ISO AUTO]. Изберете [ISO AUTO] и притиснете ја десната страна на контролното тркалце, а потоа поставете ги саканите вредности за [ISO AUTO Maximum] и [ISO AUTO Minimum]. Поставките [ISO AUTO Maximum] и [ISO AUTO Minimum] исто така се применуваат кога снимате во режимот [ISO AUTO] под [Multi Frame NR].