Бројчаник за компензација на експозицијата
Врз основа на вредноста за експозиција поставена од автоматската експозиција, можете да ја осветлите или затемните целата слика ако го прилагодите [Exposure Comp.] на позитивната или негативната страна, соодветно (компензација на експозиција). Обично експозицијата автоматски се поставува (автоматска експозиција).
- Свртете го бројчаникот за компензација на експозицијата.
Забелешка
- Можете да ја прилагодите експозицијата во опсег од –2,0 EV до +2,0 EV за филмови.
- Доколку снимате објект во екстремно светли или темни услови или ако користите блиц, можеби нема да добиете задоволителен ефект.
- Кога користите [Manual Exposure] можете да компензирате за експозицијата само кога [ISO] е поставено на [ISO AUTO].