Peaking Level
Ги засилува контурите на опсези во фокус користејќи одредена боја при снимање со рачно фокусирање или со директно рачно фокусирање. Функцијава ви овозможува лесно да го потврдите фокусот.
- MENU → (Custom Settings) → [Peaking Level] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- High:
- Го поставува нивото за регулација на контурите на високо.
- Mid:
- Го поставува нивото за регулација на контурите на средно.
- Low:
- Го поставува нивото за регулација на контурите на ниско.
- Off (стандардна поставка):
- Не се користи функцијата за регулација на контури.
Забелешка
- Производот определува дека острите области се во фокус, па [Peaking Level] се разликува зависно од објектот и од ситуацијата што се снима.
- Кога производот е поврзан со помош на HDMI-кабел не се засилени контурите на опсези во фокус.