Директно рачно фокусирање (ДРФ)
Можете рачно да направите благи прилагодувања откако ќе се фиксира фокусот.
Можете брзо да фокусирате на објект наместо да го користите рачното фокусирање од самиот почеток. Ова е корисно во случаи како снимање со макро.
- Изберете DMF со ротирање на бројчаникот за режим на фокусот.
- За да фокусирате автоматски, притиснете го копчето за бленда до половина надолу.
-
Држете го копчето за бленда притиснато до половина надолу и ротирајте го прстенот за рачно фокусирање за да се постигне поостар фокус.
- Кога го вртите прстенот за рачно фокусирање, на екранот се прикажува растојанието на фокусот.