Дигитален фотоапарат DSC-RX10

За [In-Camera Guide]

[In-Camera Guide] прикажува описи за ставки во MENU, за копчето Fn (функција) и за поставки, како и причината зошто не може да се постави некоја функција.

  1. Притиснете ги MENU или копчето Fn.
  2. Изберете ја саканата ставка од MENU со користење на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце.
  3. Притиснете го копчето (Бришење).

    Се прикажува водичот за користење на ставката од MENU што ја избравте во чекор 2.

    • Доколку, по избирање на ставка што се прикажува со сива боја, притиснете во средината на контролното тркалце, ќе се прикаже зошто не може да се постави ставката.