Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Големина на сликите (фотографија)

Колку што е поголема големината на сликите толку повеќе детали ќе се прикажат кога сликата ќе се печати на хартија од голем формат. Кога се снимаат слики со помала големина, нивниот број е поголем.

  1. MENU (Поставки на фотоапаратот) → [Image Size] → сакана поставка.

Детали за ставките на менито

  • Големина на сликите кога [Aspect Ratio] е 3:2
    • L: 20M 5.472×3.648 пиксели
    • M: 10M 3.888×2.592 пиксели
    • S: 5.0M 2.736×1.824 пиксели
  • Големина на сликите кога [Aspect Ratio] е 16:9
    • L: 17M 5.472×3.080 пиксели
    • M: 7.5 M 3.648×2.056 пиксели
    • S: 4.2M 2.720×1.528 пиксели
  • Големина на сликите кога [Aspect Ratio] е 4:3
    • L: 18M 4.864×3.648 пиксели
    • M: 10M 3.648×2.736 пиксели
    • S: 5.0M 2.592×1.944 пиксели
    • VGA 640×480 пиксели
  • Големина на сликите кога [Aspect Ratio] е 1:1
    • L: 13M 3.648×3.648 пиксели
    • M: 6.5M 2.544×2.544 пиксели
    • S: 3.7 M 1.920×1.920 пиксели

Забелешка

  • Кога [Quality] е поставен на [RAW] или [RAW & JPEG], големината на сликата за слики RAW соодветствува на [L].