Користење на контролното тркалце
Со вртење или притискање на горната/долната/десната/левата страна на контролното тркалце можете да изберете ставки за поставување. Изборот ќе се одреди кога ќе притиснете во средината на контролното тркалце.
На горната страна на контролното тркалце е назначена DISP (Поставка за приказ). Можете да назначите одбрани функции на левата/десната/долната страна на контролното тркалце или на во средината, како и на ротирањето на тркалцето.
При репродукција можете да ја видите следната/претходната слика со притискање на десната/левата страна на контролното тркалце или со негово вртење.