За резервната внатрешна батерија на полнење

Овој фотоапарат поседува внатрешна батерија на полнење за одржување на датумот и времето и на останатите поставки без разлика дали напојувањето е вклучено или не.
Батерија на полнење се полни постојано додека го користите фотоапаратот. Сепак, ако го користите фотоапаратот само за кратки периоди, внатрешната батерија значително се испразнува. Ако воопшто не го користите фотоапаратот околу еден месец, внатрешната батерија целосно се испразнува. Во тој случај, наполнете ја батерија на полнење пред да го користите фотоапаратот.
Сепак, дури и ако батерија на полнење не е наполнета, може да го користите фотоапаратот, но датумот и времето нема да се покажуваат.

Начин на полнење на резервната внатрешна батерија на полнење

Вметнете ги батерии што се доволно наполнети во фотоапаратот, а потоа оставете го фотоапаратот на мира за 24 часа или подолго, со исклучено напојување.