Останато
Објективот е замаглен.
-
Настанала кондензација на влага. Исклучете го фотоапаратот и оставете го околу еден час пред повторно да го користите.
Фотоапаратот се исклучува кога објективот е издолжен.
-
Вметнете нови батерии или наполнети никел-металхидридни батерии (се продаваат одделно), потоа повторно вклучете го фотоапаратот.
-
Не применувајте сила на објективот што престанал да се движи.
Фотоапаратот се загрева кога се користи подолго време.
-
Ова не е дефект.
Екранот за поставување на часовникот се појавува кога ќе го вклучите фотоапаратот.
-
Поставете ги датумот и времето повторно. [Детали]
-
Внатрешната резервна батерија што се полни е испразнета. Вметнете батерии што се доволно наполнети и оставете го производот на мира за 24 часа и подолго, со исклучено напојување.
Датумот или времето не се точни.
-
Поставката за област е различна од тековната локација. Сменете ја поставката преку MENU (Settings) [Clock Settings] [Area Setting]. [Детали]