Beauty Effect
Ви овозможува да го примените ефект за разубавување за да ги дотерате сликите од поединци и да изгледаат подобро, на пример, дотерување за помазна кожа, поголеми очи и побели заби.
Можете да ги поставите ефектите од ниво 1 до 5. Сликата на која сте го употребиле ефект за разубавување се зачувува како нова датотека. Оригиналната слика се задржува каква што е.
-
Поставете го фотоапаратот во режим за репродукција.
-
MENU (Beauty Effect) на контролното копче
-
Изберете лице за коешто сакате да го користите ефектот за разубавување.
-
Изберете го саканиот ефект и извршете дотерување во согласност со методот на работа во секој режим.
(Skin Toning)
|
Дотерајте ја сликата за да ја смените бојата на кожата до саканиот ефект.
Изберете ја саканата основна боја на кожа со помош на /и притиснете .
Зголемете или намалете ја бојата со помош на /.
|
(Skin Smoothing)
|
Дотерајте ја сликата за да ги отстраните старосните дамки и брчките од кожата.
Зголемете или намалете го ефектот со помош на /.
|
(Shine Removal)
|
Дотерајте ја сликата за да се отстрани изгледот на масна кожа.
Зголемете или намалете го ефектот со помош на /.
|
(Eye Widening)
|
Дотерајте ја сликата за да ги зголемите очите.
Зголемете или намалете го ефектот со помош на /.
|
(Teeth Whitening)
|
Дотерајте ја сликата за да ги избелите забите. На некои слики можеби нема да може да ги избелите забите.
Зголемете или намалете ја белината на забите со помош на /.
|
Забелешки
-
Функцијата [Beauty Effect] не може да ја користите за следниве слики:
-
панорамски слики,
-
филмови.
-
Функцијата [Beauty Effect] не може да ја користите на исклучително мала слика од лице.
-
За да го користите ефект за разубавување на две или повеќе лица, изберете ја повторно истата слика откако еднаш ќе го примените ефектот, па употребете го на другото лице.
-
Ефектот за разубавување можеби нема да може правилно да функционира на некои слики.